АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА СО ОГРОМНО ЗАДОВОЛСТВО ВИ ПРЕТСТАВУВА

Ian Gillian ги пее Deep Purple

СО DON AIREY BAND И МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА

ДИРИГЕНТ: STEPHEN BENTLEY-KLEIN
СПЕЦИЈАЛНИ ГОСТИ: Papa Le Gál

5 ноември (Сабота) 2016, 20:00 часот
ВИП АРЕНА СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“- СКОПЈЕ

КУЛТУРЕН НАСТАН НА ГОДИНАТА: IAN GILLAN СО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА И БЕНДОТ НА DON AIREY, ГИ ПЕЕ DEEP PURPLE ВО СКОПЈЕ!

Почитувани,
Огромно задоволство ни е да Ви го најавиме гала проектот со кој Авалон Продукција ја затвора светската концертна сезона 2016 во Скопје. Рок легендата Ian Gillan- еден од сигурно највпечатливите светски вокали на сите времиња доаѓа со уникатен концерт- со песни од Deep Purple, придружуван од бендот на Don Airey и Македонската филхармонија, под диригентство на Stephen Bentley- Klein, на 5ти ноември во ВИП Арената.
„Smoke On The Water“, „Black Night“ и „Perfect Stranger“.. се само дел од легендарните нумери кои ќе прозвучат пред македонската публика. Со овој концерт, Авалон Продукција едноставно сака да им излезе во пресрет на сите оние коишто во изминативе неколку месеци чекаа и бараа од нас класичен рок концерт.
Имено, Ian Gillan се` уште активно настапува и распродава концерти насекаде во светот. Само минатата година тој настапи во 48 земји- со Deep Purple и како соло изведувач. Македонија ќе има навистина единствена шанса да го види легендарниот Ian Gillan во Скопје. Специјални гости на овој концерт ќе бидат Papa Le Gal. <>
Билетите можете да ги набавите на сите продажни места на Купи Карти За Сè, како и онлајн на www.kupikartizase.com, по цени од:

ТРИБИНИ - 600 ДЕНАРИ
GOLDEN SEATS ПАРТЕР И ТРИБИНИ - 800 ДЕНАРИ
ВИП - 1.200 ДЕНАРИ

Ваша,
Авалон Продукција