ALL YOU NEED IS LOVE ДЕН ВО СКОПЈЕ!

ЗА ПРВ ПАТ НА ЕДНО МЕСТО, ВО ИСТО ВРЕМЕ БАЈАГА И ИНСТРУКТОРИ, ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ И АРЕА!

Почитувани,
После големиот концерт на Ian Gillan- вечер на Deep Purple со Македонската Филхармонија, големо задоволство ни е да Ви го претставиме својот последен проект со кој Авалон Продукција ја затвора историската 2016-та година во Македонија.
После толку многу светски имиња и светски концерти во Скопје, оваа година се одлучивме за прв пат на едно место за крај да го собереме најдоброто во областа на поп рок музиката во последниве 20-тина години, и тоа ни помалку ни повеќе, со три целовечерни концерти на едно место- на Бајага и Инструктори, Прљаво Казалиште и Ареа- имиња кои го претставуваат најдоброто во својата област, во земјите од кои доаѓаат. ерт.
Сите три бенда ќе настапат со целовечерни концерти од по 90 минути. За задоволството на канцеларијата на Авалон Продукција, на нашите семејства и пријатели да биде комплетно, се потрудивме оваа вечер да има специјално отворање во вид на најдоброто од Екатарина Велика, со проектот Deca iz vode/ EKV Tribute band project.
Со настапот на овој бенд, манифестацијата ќе трае минимум 6 часа и ќе биде едно комплетно бегање од реалноста за сите нас, на 3ти декември 2016-та година во Вип Арената.
Влезниците за овој концертен спектакл ќе бидат пуштени во продажба во петок (23.09.2016), точно во 09 часот наутро, на сите продажни места на Купи Карти За Се и онлајн, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР - 600 ДЕНАРИ
ФАН ПИТ (само 1000 билети во продажба) - 800 ДЕНАРИ
SILVER SEATS - 700 ДЕНАРИ
GOLDEN SEATS - 800 ДЕНАРИ
ВИП - 990 ДЕНАРИ

Трети декември ќе биде идеална вечер да се соберат сите генерации на едно место, за да го видат и да го слушнат најдоброто од регионот. БАЈАГА и ИНСТРУКТОРИ, ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ, АРЕА И DECA IZ VODE на едно место, Вип Арена „Борис Трајковски“- Скопје! Не пропуштајте!

Одиме понатаму,
Авалон Продукција