Со големо задоволство ве известуваме дека од четврток 26ти јуни конечно во продажба излезе новиот албум на Каролина – “Македонско девојче” и истиот може да се набави на сите продажни места на весникот “Време”.
После повеќе од две години од излегувањето на последниот албум Каролина ќе се претстави на македонската јавност во сосема поинакво светло со албум на кој комплетен автор е Златко Ориѓански. На овој албум се наоѓаат 10 композиции, а покрај Ориѓански на албумот свират и неколку врвни македонски музичари, како: Дино Милосављевиќ, Иван Бејков, Александар Секуловски, Благојче Трајковски, Петар Христов…како и Мандолинскиот оркестар при МКЦ под диригентска палка на Сашо Татарчев.
“Македонско девојче” е комплетно смимен во музичкото студио “Ентерпрајз”.
Фотографиите за омотницата се дело на Дејан Пановски во соработка со стилистите Цаци Паковска, Дадар и Сретен Костиќ, а графичкото решение е на дизајн студиото “Кома лаб”.
За неколку дена во продажба во сите музички продавници низ Македонија ќе биде пуштено и лимитирано луксузно издание на “Македонско девојче”.
www.karolinaonline.com.mk