Ве информираме дека Авалон Продукција го потврди својот прв голем концерт за 2009 година.
Преку наш букинг и организација на 23ти февруари 2009 година во салата Expo во Белград концерт ќе одржи еден од најуспешните и најпопуларни пејачи на денешнината, хитмејкерот JAMES BLUNT.
Човекот кој со својот прв албум “Back to Bedlam” собори многу рекорди продавајќи неверојатни 11 милиони примероци, доби 2 MTV и 2 Brit Awards награди како и 5 номинации за Gramy, продолжува по тој пат и со вториот албум “All the lost souls” чија светска промотивна турнеја е во тек, а првиот сингл од тој албум “1973” е прогласен за Global No1 Hit.
Речиси сите арени на оваа турнеја се тотално распродадени, а влезниците за концертот во Белград ќе бидат пуштени во продажба на 29ти Октомври по цена од 30 ЕУР.
----------------------------------------------------------------------------------
Tickets available on
----------------------------------------------------------------------------------