Големо задоволство ни е да Ве информираме дека заедно со останатите светски ѕвезди и Горан Бреговиќ со својот “Оркестар за свадби и погреби” ќе гостува во Скопје.
Практично неговиот концерт ке биде прв голем проект на Авалон Продукција во Скопје бидејќи потврдениот датум е 30ти мај, а местото на одржување е клубот Hard Rock.
Горан Бреговиќ оваа пролет потпиша договор со Live Nation и за неговите концерти од оваа пролет се гризи истата агенција која се гризи за концертите на U2, Madonna и Rolling Stones.
Бреговиќ во Скопје доаѓа во склоп на неговата светска турнеја во која ќе ги посети сите Европски метрополи како и Јужна и Централна Америка.
|