Со задоволство ве информираме дека Авалон Продукција го закажа својот прв проект после фантастичниот концерт на Leni Kravitz во Охрид.
Новата сезона ја започнуваме со концерт со дефинитивно најнаградуваниот гитарист на сите времиња Al di Meola - четири пати прогласуван за најдобар Jazz гитарист во светот од страна на најпрестижното списание "Guitar player".
Al di Meola концерт ќе одржи на 16ти Ноември во Универзална сала во склоп на неговата светска турнеја "New world sinfonia tour".
Во Скопје Al di Meola ќе го придружуваат тројца врвни jazz музичари, Gumbi Ortez,Peo Alfonsi и Fausto Beccalossi.
Повеќе детали мозете да добиете и на официјалниот сајт
www.aldimeola.com
Влезниците за концертот на Al di Meola во продажба ќе бидат од 6ти Октомври на сите вообичаени продазни места по цена од 800-1000 денари.