Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 
   
08/04 2014

 

Почитувани,

со огромно задоволство сакаме да Ве информираме дека најголемиот спектакл оваа есен/зима во Македонија, ќе се случи на 7ми Ноември во салата Борис Трајковски.

По повод 40години од неприкосновеното “Бијело Дугме”, а во склоп на нивната светска турнеја “КО НЕ ПОЛУДИ, НИЈЕ НОРМАЛАН”, Авалон Продукција ќе биде организатор на големиот славенички концерт на Горан Бреговиќ, придружуван од “Оркестар за свадбе и сахране” и Ален Исламовиќ како специјален гостин.

Авалон Продукција со задоволство прифати да го работи овој историски проект, поготово ако се земе во предвид дека Скопје беше избегнато, кога пред 9 години се собра “Бијело Дугме” и кога имаше само три концерти во Сараево, Загреб и Белград.

На оваа турнеја, за која Брега изјавува дека ќе свират секаде во светот каде има “наши” луѓе, ќе бидат изведени сите најголеми хитови на “Бијело Дугме” од нивните 9 албуми. ”Кад би био Бијело Дугме”, ”Селма”, ”Не спавај мала моја”, ” Пристао сам бићу све што хоће”, ”На задњем седишту мога аута”, ”Ружица си била”, ”Падају звезде”, ”Лоше вино”, ”Битанга и Принцеза”, ”Сањао сам нођас да те немам”, ”Липе цвату”, ”Тако ти је мала моја кад љуби босанац”, ”Хајдемо у планине”, ”Има нека тајна веза”... ова е само дел од репертоарот на најпродаваниот, најнаградуваниот и најслушаниот бенд на целиот Балкан на сите времиња.

Ален Исламовиќ за овој голем спектакл изјавува: ”Многу ми драго што повторно со Горан ќе застанеме на бина како во далечната 1989. Ќе ги свириме и пееме сите најубави песни на “Бијело Дугме” и заедно со нашите фанови да го прославиме 40 годишниот роденден на бендот. Јас како последен пејач на Дугме и тогаш ги пеев сите песни, па можам и денес. Секако тоа ќе бидат концерти полни со многу носталгија, тага и среќа. На концертите ќе не прати “Оркестар за свадбе и сахране” но во еден модерен манир. Сакам да ја искористам оваа прилика и да ги повикам сите генерации да ни се придружат заедно да го прославиме овој голем јубилеј ”. Сите детали околу продажбата и цената на влезниците за овој голем спектакл, ќе бидат објавени во наредните неколку денови.

Влезниците во продажба ќе бидат пуштени од 29ти септември,преку билет сервисот КупиКартиЗаСе,online www.kupikartizase.com,цвеќара Розе-Веро2,Камарад-Рамстор и Скопје Сити Мол. Цените за овој концерт се поделени во неколку категории:

Партер - 600 ден.-стоење
Фан Пит- 900 ден.-стоење(ограничен број)
Трибина- 800 ден.-седење(блок1,2,5,6,7,8,9,10,11,14 и 15)
Golden Seats- 1000ден.-седење(блок 3,4 и 12)
Вип - 1200 ден.-седење(блок 13)

Авалон Продукција



прочитај повеќе...
 
 
постари вести
 
15.09.2014

40 години БИЈЕЛО ДУГМЕ: Горан Бреговиќ ft. Ален Исламовиќ на 7ми Ноември во Скопје !!!
07.09.2014

Бобан Милошевски заминува од Авалон Продукција на една година
07.07.2014

Каролина со “Македонско Девојче”, на летна турнеја ”Смеј ми се смеј” во античките театри во Битола и Охрид, а на 2ри Август во Дојран!
08.04.2014

Каролина со проектот “Македонско девојче”, на големи концерти во античките театри во Битола и Охрид ова лето!!!
20.02.2014

Iron Maiden на Калемегдан парк – голем open air спектакл во Белград!
постари најави...
број на посети